13 совети за зајакнување на имунитетот во време на пандемија на коронавирусот

profimedia

Кога во светот владеат епидемии и пандемии, секоја личност се прашува како може да ја спречи инфекцијата и како да го зајакне имунитетот. Се редат прашањата: „Како да се хранам во борбата против вирусот?“, „Како да го подобрам или зачувам имунитетот?“

Препораки на нутриционистите кога станува збор за исхраната која ќе помогне во зајакнување на имунитетот:

– Намалете ги или исфрлете ги рафинираните шеќери (слатки, чоколади, колачи, итн.). Читајте ги декларациите на производите што ги купувате, ќе се изненадите колку често ќе најдете шеќер во составот на производите за кои не сте ни помислувале дека можат да имаат шеќер во својот состав.

– Зголемете го дневниот внес на овошје и зеленчук. Се препорачуваат 3 порции зеленчук (2 свежи оброци во салати и 1 варен зеленчук) и 2 порции овошје. Јадете зелен зеленчук најмалку двапати на ден (спанаќ, блитва, брокула, кељ, зелка, рукола), бидејќи зелениот зеленчук е меѓу најефикасните природни намирници во јакнењето на имунитетот.

– Зелениот зеленчук е богат со витамините А, Ц, Е и К, како и со минералите како калиум, магнезиум, железо, цинк и други.

– Редовно мијте ги сите овошја и зеленчуци со сода бикарбона за да го намалите внесот на пестициди и хербициди преку храната во организмот.

– Рецепт за отстранување на пестициди и хербициди: 1 лажица сок од лимон, 2 лажици сода бикарбона (без алуминиум) и 2 дл вода. Потопете ги овошјето и зеленчукот да отстојат 30 минути во овој раствор, потоа измијте ги, исушете ги и ставете ги во фрижидер.

– Зголемете го внесот на здрави масти кои се одговорни за здрав хормонски систем и за крвните садови. Користете маслиново и кокосово масло, јаткасти плодови (орев, бадем, лешник…), ленено семе, авокадо. Избегнувајте трансмасти од маргарин, чипс, грицки и масло од соја, пченка кои создаваат воспалителни процеси во телото.

– Консумирајте супа од коски барем двапати неделно. Бујон е најдобриот извор на колаген, а колагенот е протеин кој е важен за нормално работење на гастроинтестиналниот тракт. Кога колагенот се разложува, се формира желатин кој е важен во борбата против алергиите и чувствителноста на цревниот тракт на алергените. Желатинот во бујонот содржи дополнителни аминокиселини кои имаат ефекти на антистареење и дејствуваат силно на зајакнувањето на имунитетот.

– Кога јадете храна, важно е секој залак да го изџвакате доволен број пати со цел таа храна што подобро да се свари во гастроинтестиналниот тракт. Се препорачува секој залак да се џвака најмалку 30 пати. На тој начин, храната се натопена со доволно дигестивни ензими кои го олеснуваат варењето и нема надуеност во стомакот.

– Пијте зелен чај, чај од нане или кантарион. Зелениот чај помага побрзо да се согоруваат мастите и е богат со антиоксиданти кои го јакнат имунитетот и го подобруваат варењето.

– Јадете лук бидејќи во лукот имате над 80 активни супстанции кои го зајакнуваат имунитетот и го бранат од непријателите. Една од тие супстанции е алицинот, кој помага во борбата против вирусот. Лукот дејствува против габичните инфекции и се смета за природен антибиотик во борбата против бактериите.

– Кога подготвувате оброк, користете билки како што се мајчина душичка, рузмарин, оригано, коријандер, нане и зачини како куркума, цимет, кари, бибер, ѓумбир, ким итн.

– Користете храна богата со пробиотици. Сите најнови светски студии зборуваат за улогата на нашата цревна флора во одбраната на нашето тело. Најдобар извор на пробиотици е ферментираниот зеленчук како кисела зелка, кефирот, козјото сирење, јогуртот…

– Внесете оптимално витамин Д во организмот. Дали знаете дека 80 отсто од нашето население има недостаток на витамин Д? Тоа е единствениот витамин во нашето тело што се создава сам од себе и со сето тоа е и хормон. Витаминот Д е важен за над 400 процеси што се случуваат во нашето тело. Недостатокот на витаминот Д го наоѓаме кај метаболичкиот синдром, болестите на тироидната жлезда, автоимуните и ревматските болести итн. Намирници богати со витамин Д се: рибата, јајцата, печурките, житарките, црниот дроб, сирењата и рибиното масло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот