13 октомври новиот датум на Мета за изборите, Рама: Eдинствениот датум е 30 јуни

Илир Мета / Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Албанскиот претседател Илир Мета, во изјава за медиуми потврди дека 13 октомври 2019 година, ќе биде новиот датум за изборите во Албанија, пренесува Топ Чанел.

– Двете причини зошто се одлучив за овој датум, затоа што е најбрзиот ден за организирање на сеопфатни локални избори. Втората е причина е затоа што, како што истакнав и на осми јуни, кога го поништив изборниот датум, има врска со загарантирањето на континуитетот на европската интеграција, за не-одделување на Албанија од Северна Македонија за отворање на преговорите. Изгубивме многу време, но за среќа во агендата на ЕУ е за донесување на одлука за отворање преговори во октомври, и состанокот е на 18-ти – рече Мета.

Претпладне тој имаше и неколку средби со претставници на политички партии од опозицијата, како и со амбасдори. Рама ја одби поканата на Мета да се сретнат денеска.

Албанскиот премиер Еди Рама веднаш реагираше, откако претседателот Илир Мета го потврди 13 октомври како нов датум за локалните избори. Барајќи милост за претседателот, Рама нагласи дека единствениот датум за локалните избори е 30 јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот