10.8 C
Скопје

13 намирници кои тироидната жлезда ги сака, и две што треба да ги избегнувате

На штитната жлезда, како и на другите системи на телото, директно влијае и исхраната, така што постојат намирници што помагаат во функционирањето на тироидната жлезда, но и оние кои ѝ штетат.

Тироидната жлезда произведува хормони кои ги регулираат метаболичките процеси во телото. Ако на телото му недостасуваат хранливи материи, тоа има негативен ефект врз работата на тироидата.

Тироидната жлезда е главната енергетска жлезда и регулатор на работењето на сите телесни клетки бидејќи хормоните што ги произведува директно влијаат на клеточниот метаболизам. Сепак, на штитната жлезда, како и на другите системи на телото, директно влијае и исхраната, така што постојат намирници што помагаат во функционирањето на тироидната жлезда, но и оние кои ѝ штетат.

Не постои специфична исхрана за лекување на болестите на тироидната жлезда, но постојат намирници што може да ви помогнат да се чувствувате полошо, или подобро.

  • Риба и морски плодови (сардина, туна, ракчиња…)
  • Бел грав
  • Кромид и лук
  • Јаболка, круши, сливи
  • Леблебија
  • Семки од тиква
  • Бразилски орев
  • Маслиново и масло од сусам
  • Боровинки
  • Алги
  • Млеко
  • Пилешко и говедско месо
  • Јајца

Еве кои намирници би требало да ги вклучите во вашата исхрана:

Алги

На тироидната жлезда ѝ е потребен јод за да може правилно да функционира, а ако не го внесувате во организмот, ризикувате и болести на штитната жлезда. Постојат многу видови алги, така што и процентот на јод во нив варира. Според експертите, порција од 1 грам може да содржи и 11 отсто од дневната потреба на организмот, но бидејќи тие се толку богати со јод, не треба да јадете суши секој ден. Премногу јод може да биде еднакво штетно за тироидната жлезда.

Бразилски ореви

Тие изобилуваат со уште една хранлива материја која помага при регулирањето на тироидните хормони, а тоа е селенот. Добро е да се запамети дека потребниот дневен внес е еднаков на 55 микрограми, а максималниот внес може да биде 400. Премногу селен може да предизвика лош здив.

Млеко

Најчесто, дневниот внес на јод се сведува на консумирање млеко, барем според истражувањата. Ако испиете една чаша млеко со малку маснотии, сте внеле една третина од она што му е потребно на организмот.

Пилешко и говедско месо

Цинкот е уште една клучна хранлива материја за здравјето на штитната жлезда, а на организмот му е потребен за производство на хормоните. Ако земете премалку цинк, може да се појави хипотироидизам. Но, ако се развие, може исто така да дојде до недостаток на цинк во организмот, бидејќи хормоните помагаат во апсорпцијата на овој минерал.

Риба

Бидејќи јодот се наоѓа во солите и морската вода, истражувањата потврдија дека луѓето кои живеат во внатрешноста на континентот имаат недостаток на оваа хранлива материја. Но, без паника, можете да ја решите работата со консумирањето риби. Печен бакалар ќе содржи околу 99 микрограми јод, туната во конзерва е исто така добар избор.

Ракчиња и школки

Јастогот и ракчињата се претставници на добриот извор на јод, четири помали ракчиња содржат 20 отсто повеќе од потребниот дневен внес на јод. Покрај тоа, тие се добар извор на цинк, кој не може да наштети.

Јајца

Едно големо јајце содржи околу 16 отсто јод и 20 отсто од потребната дневна количина. Освен ако вашиот лекар не ве советувал спротивното, изедете цело јајце бидејќи повеќето хранливи материи се наоѓаат во жолчката.

Зрнесто овошје

Добрата исхрана за тироидната жлезда е, сепак, малку повеќе од само внесување јод и селен. Намирниците богати со антиоксиданти се, исто така, добри за вашата штитна жлезда.

Зелка и зелен зеленчук

Има премногу придобивки од консумирањето на ваква храна. Поради тоа што ја содржат и компонентата наречена глукозинолат, што може да попречи во производството на тироидните хормони, некои сметаат дека може да предизвика проблеми. Но, неодамнешните истражувања покажуваат дека е толку мал процентот во една порција така што не може да предизвика големи проблеми.

Соја

Дали сојата е добра за здравјето на тироидната жлезда, сè уште се дебатира. Некои истражувања велат дека може лошо да влијае ако имате некоја болест на штитната жлезда. Ако вашиот лекар не ве советувал поинаку, една порција соја нема да му наштети на организмот.

Која храна треба да ја избегнувате?

Ако имате проблеми со штитната жлезда, се препорачува од исхраната да се исклучи брзата и конзервирана храна, мрсното место, печивата, особено оние што содржат глутен, силното кафе, газираните и алкохолните пијалаци.

Пржена и преработена храна

Со консумирањето на оваа храна нема ништо добро да внесете во организмот, но затоа, пак, ќе внесете многу повеќе натриум отколку што сте планирале, а знаеме какви последици има тоа врз здравјето.

Глутен

Ова се однесува на луѓето кои не го поднесуваат глутенот, а според истражувањата, голем број пациенти со болести на штитната жлезда имаат и целијакија.

Поврзани вести

ФОТО | Провокативни кадри: Карлеуша покажа зошто има толку следбеници на Инстаграм

Слободен печат

Девојка на „ТикТок“ снима содржина што е вообичаена во Америка, но навредлива во Русија

Слободен Печат

ВИДЕО | Настап полн емоции – Васил Гарванлиев настапи на првото полуфинале на Евросонг

Слободен печат

Ема Вотсон стави крај на молкот: Актерката се огласи на „Твитер“ за гласините за нејзината веридба

Слободен Печат

Прво починала нејзината голема љубов, а подоцна и таа добила страшни вести: Животната приказна на актерката крие потресни детали

Слободен печат

ФОТО | За жал тие се уште се достапни на интернет: Фотографии за кои Викторија Бекам би платила да бидат избришани од сеќавањата

Слободен печат

Остави Коментар