1,3 милијарди Индијци во недела во изолација, на постарите Швајцарци им се дозволени само два часа надвор

epa-efe
Фото: EPA-EFE/SAN RAFFAELE HOSPITAL

Бројот на починати во светот од коронавирусот ја надмина бројката од 10.000 луѓе, и денес во утринските часови тој изнесува 10.047. Заразени се 245.850 луѓе, а оздравеа 88.441.

И додека во Кина состојбата полека се смирува, во другите делови на светот болеста достигнува врв на бројот на заразени.

Каква е состојбата во делови на Европа најдобро илустрира фактот дека бројот на починати во Италија го надмина бројот на мртви во Кина.

Според податоците од утринава, во Италија има 41.035 случаи и 3.405 починати, следи Иран со 18.407 случаи и 1.284 смртни случаи, па Шпанија со 18.077 случаи и 831 починат. Германија сега има 15.320 случаи и 44 починати, а САД засега има 14.354 заразени и 217 смртни случаи.

Над десет илјади заразени има уште и во Франција, 10.995. Таму починаа 372 лица.

Од друга страна, Индија во недела на 22 март ќе воведе еднодневна забрана за движење на сите своите 1,3 милијарди жители. Полицискиот час ќе трае од 7 до 21 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот