Вучиќ останува на истиот став: Дијалогот со Косово ќе продолжи кога Приштина ќе ги укине таксите

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Српскиот претседател Александар Вучиќ од Париз изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон на денешниот состанокот со него и со претседателот на Косово Хашим Тачи, сакал да ја покаже посветеноста на ЕУ кон Косово како проблем на европско тло и го повтори ставот на Србија дека дијалогот може да се продолжи доколку Приштина ги укине таксите.

На прашањето на новинарите, дали Макрон со оваа ненадејна средба сакал да се вклучи во решавањето на косовското прашање и да ги врати двете страни во дијалог што поскоро, Вучиќ рече дека нема сомнеж дека Франција и Европа сакаат да играат голема улога по ова прашање, почитувајќи ги Американците и сите други.

– Францускиот претседател го изјави ова пред сè, мислејќи на себе и на германската канцеларка, како и на европските институции. Макрон, сакаше да слушне за ситуацијата на тој ненајавен состанок, а јас бев реален, малку песимистички, отворен и ја кажав вистината – истакна Вучиќ.

Српскиот претседател рече дека Тачи говорел како Владата во Приштина ќе биде формирана на почетокот на декември.

– Јас реков дека нема да биде така, како и вообичаено, па Тачи рече „тогаш, добро, почекајте до јануари” – додаде Вучиќ, истакнувајќи дека ставот на Србија е непроменет и дека ќе го продолжи дијалогот кога Приштина ќе се укинат таксите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот