12 проценти излезност, оружје, партизани, Енвер Хоџа – се од изборите во Албанија (ФОТО+ВИДЕО) – Слободен печат
ВестиРегион

12 проценти излезност, оружје, партизани, Енвер Хоџа – се од изборите во Албанија (ФОТО+ВИДЕО)

53-годишен маж влегол со оружје во избирачко место, и се заканувал на комисијата, ја скршил гласачката кутија, но бил уапсен на лице место.

Албанската Централна изборна комисија излезе со првите податоци за излезноста на локалните избори, кои започнаа денеска во 07:00 часот наутро.

Според Комисијата до 11:00 часот одѕивот низ цела Албанија е 12 проценти, пренесува албанскта телевизија А2.

Централната изборна комисија информираше дека сите избирачки места се отворени низ целата земја, со исклучок на 7 гласачки места во регионот на Скадар. Од нив, на 6 гласачки места сè уште не започнало гласањето, додека на едно гласачко место бил запален изборниот материјал.

Албанските медиуми јавуваат и за изборен инцидент кој бил регистриран на едно гласачко место во Драч. Според полицијата, 53-годишен маж влегол со оружје во избирачко место, и се заканувал на комисијата, ја скршил гласачката кутија, но бил уапсен на лице место, пренесува Топ Чанел.

Од друга страна полицијата во Скадар покрена кривична постапка против градоначалничката на оваа Општина, Волтана Адеми за кривично дело „Попречување на гласачите“. Адеми е обвинета затоа што со вршењето на својата функција и овластувањата, како градоначалничка на Општина Скадар, наредила во писмена форма вработените од оваа општина да ги затворат некои од гласачките места (училиштата), кои спаѓаат под Општина Скадар, односно 53 гласачки места.

фото: Топ чанел

Топ Чанел јавува и за неколку млади лица, поддржувачи на Демократската партија на Албанија, кои избрале симболична форма на спротивставување на денешните избори со дистрибуирање на „трактати“ низ улиците. Облечени како партизани, младите побарале од граѓаните да не гласаат.

А пак во Корча се забележани несекојдневни протести, при што опозиционерите биле облечени со пионерски црвени шалови и симболични гестови на Енвер Хоџа, со ора и музика, повикувале за бојкот на изборите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close