12 најбогати жени во светот: Кои се и како изгледаат?

Кога ќе се помисли на најбогатите жени повеќето си ги претставуваат познатите глумици, топ моделите и сопругите на најбогатите бизнисмени, но тоа се најчесто стереотипи.

Денес во светот има околу 2400 милијардери, а жените сочинуваат 12 проценти од нив, со богатство од 930 милијарди долари. Некои дами навистина знаат како да натрупаат финансии, но и да ги задржат.

Погледнете кои се и како изгледаат најбогатите жени на светот.

1. Лилиен Бетенкурт (Франција)

Кралицата на „L’Oreal“, до нејзината смрт во септември 2017 година беше најбогатата и најстарата од милијардерките во светот, со богатство од 43,1 милијарди долари. Сè уште ниту една од милијардерките не ја надминала таа цифра.

Profimedia

2. Алис Валтон (САД)

Профимедиа

Богатството на Алис Валтон, која се збогатила благодарение на корпорацијата „Walmart“ се проценува на 38,7 милијарди долари. Таа е голем љубител на уметноста и добар дел од парите што ги има го троши на скапоцени слики.

3. Сузан Клатен (Германија)

Profimedia

Сузан, заедно со нејзиниот брат води успешна фармацевтска компанија, а освен тоа е сопственичка на половина од акциите на BMW.

4. Лорен Пауел Џобс (САД)

Profimedia

Вдовицата на основачот на „Apple“ има богатство кое се проценува на 20 милијарди долари. Откако наследила поголем дел од акциите на „Apple“, стана една од најбогатите жени во светот. Води сопствен бизнис и учествува во голем број хуманитарни проекти.

5. Ирис Фонтбона (Чиле)

facebook

Ирис го наследила богатството од сопругот, а тоа се проценува на 13,7 милијарди долари. Таа е дефинитивно најбогатата Чилеанка и сè уште успешно го води семејниот бизнис.

6. Кристи Валтон (САД)

Instagram

Богатството на Кристи се проценува на 6,1 милијарди долари. Нејзиниот сопруг бил син на основачот на трговскиот ланец „Walmart“. Кристи се смета за многу влијателен филантроп, а се занимава и со хуманитарна работа.

7. Шарлот Касираги (Монако)

Profimedia

Шарлот е осма во редот на наследната линија на Монако. Внуката на Грејс Кели работи како новинарка, а своето слободно врeме го посветува на јавањето. Нејзиното богатство се проценува на 5,7 милијарди долари.

8. Кери Перодо (Сингапур)

Кери Перодо десно)/Profimedia

Семејниот бизнис – една од најгoлемите нафтени компании во светот, поминал во нејзини раце по смртта на нејзиниот сопруг Хуберт Перодo во 2006 година. Компанијата денеска ја води нејзиниот син, а таа се занимава со хуманитарна работа.

9. Маргарита Луис-Дрејфус (Франција)

Profimedia

Маргарита Луис-Дрејфус , родена како Маргарита Богданова е најбогатата бизнисменка од Русија, а нејзиното богатство се проценува на 5,3 милијарди долари. По смртта на нејзиниот сопруг станала претседателка на управниот одбор и сопственичка на фудбалскиот клуб Олимпик Марсеј. Пред неколку години се премажила и со помош на вештачко оплодување родила две ќерки близначки.

10. Панси Хо (Кина)

Profimedia

Нејзиното богатство се проценува на 3,4 милијарди долари. Панси е најбогата од 17-те деца во семејството Хо, благодарение на нејзиниот претприемнички дух и отворањето на многу фирми, а денес има повеќе пари од нејзиниот татко Сталеј Хо, познат како „крал на коцката“.

11. Иванка Трамп (САД)

Profimedia

Богатството на Иванка се проценува на 740 милиони долари, а иако можела да живее луксузно на сметка на нејзиниот татко, таа решила и самата да стане успешна деловна жена.

12 Шеика Мозах (Катар)

Profimedia

Шеика е втората сопруга на катарскиот емир Ал Таниј и мајка на седум деца. Освен што е политичка активистка, таа лобира за напредок во науката и технологијата во својата земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот