12 илјади полицајци ангажирани за изборите во Албанија
7000 албански полицајци ќе бидат ангажирани на 30 јуни, кои ќе овозможат изборниот процес да оди по најдобриот ред, јавува Орањуз.
По двајца полицајци се предвидува да бидат надвор од гласачките места, а поради недостиг на човекови ресурси, ќе биде ангажирана и патната полиција, граничната, но и тие кои ги обезбедуваат објектите.
Вечерта на 29 јуни, полицијата ќе ги земе под заштита изборните материјали и објектите низ цела Албанија. Исто така, за да се чува редот и безбедноста, во служба на полицајците ќе бидат и околу 350 цивилни возила и возила на Граничната дирекција и миграцијата. Во состојба на готовност ќе бидат и 5000 полицајци, кои би можело да бидат ангажирани доколу има судири, вклучувајќи ги и силите за брза интервенција.