12 Браќа и сестри соборија Гинисов рекорд, заедно имаат 1042 години

Profimedia

На официјалниот сајт од Гинисовата книга на рекорди соопштено е дека 12 браќа и сестри од Пакистан поставиле нов рекорд во збир на години на членови од исто семејство. Имено тие заедно имаат 1042 години и 315 денови.

Браќата и сестрите од семејството Д’ Круз родени од мајка им Сесилија и татко им Мајкл, во Пакистан, денес живеат во разни држави во светот – Швајцарија, Канада и САД, а нивната возраст е од 75 до 97 години.

Најстара е Дорин која е родена во 1923 година, додека најмлада е Еугенија која е родена 1945 година. Тие израснале во Пакистан, а најстариот брат Патрик се преселил во Канада поради работа, со желба и другите членови на семејството да се преселат.

Нивниот татко починал кога најмладата ќерка имала една и пол година, а како што изјавиле за Гинисовата книга на рекорди, неговата смрт уште повеќе ги зближила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот