Градоначалникот Јорданов: Се нормализира водоснабдувањето во Штип
Во тек е нормализирање на водоснабдувањето во градот Штип, откако вчера се случи дефект на главната водоводна линија, информира за МИА градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов.
Тој истакна дека во моментов вода за пиење немаат високите зони во Штип, бидејќи се прави пренасока на водоснбадувањето кон ниските зони, по што вода за пиење ќе добијат и населбите од високите зони. Синоќа во видео обраќање на социјалните мрежи тој нагласи дека на Штип му е потребен успешен референдум за употреба на средствата од самопридонесот, за промена на застарената водоводна мрежа.
-Во последните 24 часа се случија неколку последователни дефекти, оставајќи цели населби без водоснабдување.Овој проблем не засега сите нас, без разлика на политичката, верската или било која друга припадност. Не постои друго решение освен целосна замена на застарената водоводна мрежа. Затоа не седница на Совет на Општина Штип ќе предложам точка за распишување на референдум за употреба на средствата од самопридонесот, за конечно решавање на долгогодишниот проблем, рече Јорданов.
Штипскиот градоначалник Јорданов истакна дека потребна е итна санација на главната водоводна линија, првичните финансиски пресметки покажуваат дека се потребни минимум пет милиони евра. Пари ќе се предвидат од буџетот за 2024 година, но и ќе се бараат средства од министерствата и заеми.