11 мигранти преживеаја бродолом кај италијанскиот брег, потрагата по исчезнати е во тек

Шеесет и четири лица се исчезнати во морето по бродоломот крај италијанскиот јужен брег, соопштија агенциите на Обединетите нации.

До несреќата која се случи на околу 200 километри од Калабрија, дошло откако чамец што тргнал од Турција осум дена претходно се запалил и се превртел, информираа дел од преживеаните.

Агенциите соопштија дека 11 лица биле спасени и однесени на брегот во калабрискиот град.

Кончета Џофре, од италијанскиот Црвен крст, рече дека вкупно 12 биле спасени но едно лице починало.

„Тие страдаа многу, имаа скршеници на карлицата, нозете и рацете, контузии на главата и изгореници. Преживеаните ни кажуваат за експлозија на бродот пред да почне да тоне“, рече Џофре.

Операцијата за пребарување и спасување започна по повикот на францускиот брод во Мајдеј, се вели во соопштението на италијанската крајбрежна стража.

Бродот пловел во погранична област каде Грција и Италија вршат операции за пребарување и спасување.

Преживеаните и луѓето кои сè уште се водат за исчезнати на море се од Иран, Сирија и Ирак, соопштија агенциите на ОН.

Италијанскиот координативен центар за поморско спасување веднаш пренасочи два трговски брода што пловеа во близина на местото на спасувањето.

На помош пристигнале и екипи од Европската агенција за гранична и крајбрежна стража Фронтекс.

Преживеаните биле донесени во калабриското пристаниште Рокела Јоника, каде што биле симнати и доверени на грижа на медицинскиот персонал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот