Макрадули: 11 килограми помалку ПМ 10 во воздухот, градинката „Пролет” во Влае доби нов еколошки систем за греење

Оваа инвестиција е во вредност од 55.000 евра, средства кои локалната самоуправа ги добила од Владата за активности во рамки на Планот за чист воздух.

Градинката „Пролет” во скопската населба Влае почна да користи нов, еколошки систем на греење и ладење, преку користење термални пумпи кои работат на системот „воздух-вода”. Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, денеска потсети дека претходно градинката се грееше на нафта.

– Со промената на системот на греење и напуштањето на нафтата, драстично ќе се намали нивото на ПМ10 честички во воздухот и емисијата на штетни гасови. Промената обезбедува замена на 14 тони нафта на годишно ниво со обновлив извор на енергија што ќе значи 11 килограми помалку присуство на ПМ10 честички и намалена емисија на јаглерод диоксид во воздухот. Покрај тоа, очекуваме сметките за загревање да се намалат за околу 60 процентил со што сериозно ќе се заштедат средства кои може да се искористат за други цели, истакна Богоев, и додаде дека градината во летниот период ќе се лади од истите системи.

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, кој присуствуваше на настанот, оцени дека елиминирањето на изворите на загадување и промената на системите за загревање на јавните установи и институции е еден од клучните предуслови за почист воздух и системско решавање на проблемот со аерозагадување.

„Она што постојано го повторуваме и што мислам дека е многу значајно, е и еколошкиот и економскиот бенефит од инвестициите во рамки на активностите од планот за чист воздух. Оваа градинка троши 16 тони нафта годишно, или 12 илјади евра за извор на затоплување кој загадува. Сега не само што пола од парите ќе се заштедат, туку и нема 11 килограми ПМ 10 честички да се испуштат во воздухот“, рече Макрадули.

Тој посочи дека со денешната промена на начинот на греење на градинката „Пролет”, всушност, се спречува загадување како од 30 куќи, домаќинства, кои се греат на нееколошки начин.

Оваа инвестиција е во вредност од 55.000 евра, средства кои локалната самоуправа ги добила од Владата за активности во рамки на Планот за чист воздух.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот