10,7 отсто од фирмите не успеале да исплатат февруарска плата

Катастрофални се податоците што ги презентираше УЈП во однос на исплатата на февруарска палата. Дури 10,7 отсто од фирмите, вклучувајќи ги и самостојните вршители на дејност, не успеале да им дадат плата на вработените, информираше директорката на УЈП, Сања Лукаревска. Таа рече дека за февруари се прифатени 63.948 МПИ пресметки од компаниите и самостојните вршители на дејност, но 6.888 немаат исплати на плата.

– Заега испратени се само опомени. УЈП има предвид дека финансиската помош за февруари не стигна, а дека компаниите тоа го планираа. Затоа, уште еднаш апелирам што поскоро да се донесат законите од петтиот економски пакет. Помина и март, а помош треба да се дава и за мартовска плата – рече Лукаревска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот