1001 роза за Јелена Ѓоковиќ: Новак бил голем романтичар

Instagram
Instagram

Сопругата на Новак Ѓоковиќ пред фановите сподели една стара романтична фотографија која датира од првите години на нивната љубов на нејзиниот Инстаграм профил.

Новак и Јелена се заедно уште од средношколските денови, а нивната долгогодишна врска ја легализираа со брак, а потоа ја „запечатија“ со своите две деца, Стефан и Тара.

Јелена Ѓоковиќ објави стара фотографија на која тaa и Новак ја прославуваат втората годишнина од нивната врска, а по тој повод тогаш Ноле и подарил 1001 црвена роза.

Instagram
Instagram

Слика од таванот! Гледам како изгледаме тука, како да сме ученици од основно училиште, а со 1001 роза ја прославивме двегодишнината од нашата врска и освојувањето на Дејвис купот, напиша Јелена под фотографијата.

Сеуште, некои постари фотографии може да се најдат на социјалните мрежи од нивната почетоци како пар и секако од Ноле кога бил на почетокот на неговата кариера. Кога се сретнале, тогаш 17-годишниот Новак Ѓоковиќ решил професионално да се занимава со тенис и таа година завршил на 78 место на светската АТП листа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот