100 санкции за непрописно вградени „фолии” и светлосни и звучни уреди во возила

Во периодот од 14.06 до 20.06.2021 Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија по однос на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата и неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата.

При контролата санкционирани се 100 учесници во сообраќајот, од кои 99 за прекршокот на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата и еден за неовластено вградување и користење на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци во возилата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот