100 години стари фотографии: Најубавите жени на векот БЕЗ ФОТОШОП! (ФОТО)
Црно-белите фотографии откриваат дека за убавина не се потребни модерни помагала, туку само вешт фотограф и харизматичен модел.
Сите ја познаваат изреката дека убавината е во окото на набљудувачот, но денес е потребно многу повеќе труд за да се препознае убавината под сите пози, филтери и други помагала кои нè оддалечуваат од природната убавина.
Доказ се овие жени од минатиот век чија убавина е одраз на нивниот став, шарм, природност и држење.
Клео де Мероде – Француска танчерка која ја освоила титулата Кралица на убавината за списанието Illustration 1896.
Лина Кавалиери – Славната италијанска оперска пејачка била една од оние чиј лик можел да се види секаде, од плакатите до разгледниците.
Мод Адамс – Американска глумица која ја достигнала славата со улогата во бродвејската продукција на „Петар Пан“.
Каролина Отеро – Позната како „Ла Бела“, каролина била француска пејачка и танчерка, многу популарна меѓу благородништвото.
Мод Фили – Американска ѕвезда на немите филмови.
Рита Мартин – Позната фотографка.
Војвотката Олга
Лили Елси – Британска глумица и пејачка од едвардијанската ера, познато како последно доба на елеганцијата.
Филипинка од народот Лузон
Циганката со мандолината е називот на оваа фотографија која прикажува анонимна девојка.
Ион Брајт била глумица на Бродвеј, чија кариера не станала толку славна како нејзината убавина.
https://www.instagram.com/p/BW0ZgKNg3RA/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=dlfix