10 ситуации кога смеете да ја вратите храната во ресторан
Многу фрустрира кога ќе отидете во ресторан, ќе порачате „феноменално“ јадење, а тоа што ќе го добиете е далеку од вашите очекувања.
Што да направите во таква ситуација?
Дали нешто ќе кажете, ќе ја вратите храната или ќе премолчите?
Без грижа, постојат ситуации во кои можете слободно да ја вратите храната без да го навлечете на себе гневот на целиот персонал од ресторанот, но само додека причината е соодветна.
1. Бифтекот не е испечен како што побаравте.
2. Храната е загорена.
3. Јадењето не е доволно варено.
4. Порачавте јадење, но не знаевте дека содржи состојки на кои сте алергични.
5. Јадењето е многу луто, а тоа не било нагласено во менито.
6. Добивте нешто што не сте порачале.
7. Најдовте туѓо влакно во својата чинија.
8. Ви се чини дека еден дел од јадењето е претходно подгреан, додека остатокот од јадењето е ладен.
9. Добивте порција соодветна за предјадење иако порачавте главно јадење.
10. Јадењето е пресолено.