10 симптоми што укажуваат на почеток на Алцхајмерова болест

Фото: Профимедиа

Раното препознавање на Алцхајмеровата болест, медицинската нега и негата од околината го подобруваат квалитетот на животот заболената личност.

Првиот и најизразен симптом е губењето на памтењето, продолжува психичкото пропаѓање и со мошне долгото задржување на добриот физички изглед под терминот „зачувана фасада“, доаѓа и до физичко пропаѓање како и до неподвижност.

Раното препознавање на Алцхајмеровата болест, медицинската нега и негата од околината го подобруваат квалитетот на животот на заболената личност, па затоа е важно да се препознае овој сет симптоми на болеста, кој може да укаже на почетокот на заболувањето. Исто така, важно е да се посети лекар навреме.

1. НАРУШУВАЊЕ НА ПАМТЕЊЕТО

Се развива постепено, а најмногу се забораваат настаните што се случиле неодамна.

2. ТЕШКОТИИ ВО ИЗВРШУВАЊЕТО НА СЕКОЈДНЕВНИТЕ АКТИВНОСТИ

Одржување на личната хигиена, тешкотии во снаоѓањето во домот или на улица, продавница, постојано зафрлање на ситните работи – клучеви, очила и слично.

3. ТЕШКОТИИ ВО ГОВОРОТ, ЧИТАЊЕТО И ПИШУВАЊЕТО

Со заборавањето на зборовите во секојдневниот говор, заменувањето на истите зборови со слични зборови, неразбирливото изговарање, без никаква цел или смисла, или личноста често ги користи истите одговори или фрази.

4. ГУБЕЊЕ НА ПРОСТОРНАТА И НА ВРЕМЕНСКАТА ОРИЕНТАЦИЈА
Заболената личност не може да се сети кој месец, ден или година е, кое годишно време, не се снаоѓа на претходно познатите места.

5. ПОГРЕШНИ ПРОЦЕНКИ И ОДЛУКИ
Не ја разликува вредноста на парите, се облекува несоодветно во однос на годишното време.

6. НАРУШУВАЊЕ НА АПСТРАКТНОТО МИСЛЕЊЕ
Невозможноста да се пополни некој образец, неразбирање на поимите „роденден“, „љубов“, „правда“.

7. ГУБЕЊЕ НА РАБОТИТЕ
Честото губење на работите, оставањето на работите на невообичаени места, честото барање на работите по џебовите.

8. ПРОМЕНИ ВО РАСПОЛОЖЕНИЕТО И НА ОДНЕСУВАЊЕТО
Промена на однесувањето во смисла на немир, нервоза, гнев, лутина со ненадејна промена во премногу голема смиреност и незаинтересираност за она што се случува околу заболената личност, беспричинска тага и плачење со промена на доброто расположение.

9. ПРОМЕНА НА КАРАКТЕРОТ И НА ЛИЧНОСТА
Претерано сомневање, обвинување на околината за кражба на пари, отуѓување на работите, страв од присуство на други луѓе што не ги препознава, страв од сè во околината, љубомора, недоверба.

10. ГУБЕЊЕ НА КОНЦЕНТРАЦИЈАТА И ИНТЕРЕСОТ ВО СОЦИЈАЛНИТЕ АКТИВНОСТИ
Целосна незаинтересираност, личноста се чувствува напуштена, осамена и исплашена.

Според Американскиот национален институт за стареење, постојат седум предупредувачки знаци на болеста:
– Повторување на едни исти прашања.
– Повторување на една иста приказна.
– Заболениот не знае да извршува одредени секојдневни активности, на пример готвење, играње карти, ракување со далечински управувач.
– Заболениот не знае да раководи со пари, сметки, префрлања и сл.
– Заболениот не може да најде одредени предмети или ги сместува на невообичаени места и мисли дека други лица ги преместиле.
– Запоставување на сопствениот надворешен изглед.
– Болниот одговара на прашања со поставување на истото прашање кое му е упатено нему.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот