10 работи кои треба да ги направите наутро за да имате супер ден

Многу е лесно да се биде позитивен и продуктивен во текот на денот, ако прво направите некои клучни работи. За тоа ќе ви бидат потребнои само 10 минути, а ќе ви се исплати.

1. Не го одложувајте алармот

Ако веќе на почетокот на денот доцните, уште рано наутро ќе започнете стресен ден. Затоа кога првиот аларм ќе ви се склучи, обидете се веднаш да ги спуштите нозете на подот и да станете.

2. Запишете си ги мислите

Дали имавте некои добри идеи или соништа додека спиевте? Опуштениот мозок е отворен за нови идеи кои може нема да успеете да ги смислите додека сте преокупирани со секојдневните активности, затоа искористете го времето наутро и запишете ги идеите што ви паднале на памет во текот на ноќта.

3. Заборавете на вчера, сконцентрирајте се на денес

И понатаму го ставате фокусот на тоа што се случило вчера? Не правете го тоа зашто не можете да го смените. Продолжете понатаму.

4. Замислете нешто за што сте благодарни или поради што сте возбудени

Ова е одличен трик да го залажете својот мозок и да бидет среќни. Секогаш можете да се радувате.

5.Оставете го мобилниот

Направете си услуга и причекајте најмалку 10 минути пред да го фатите мобилниот веднаш наутро кога ќе се разбудите.

6. Испијте чаша вода

Хидратацијата е исклучително важна, па затоа започнете го денот со голема чаша вода.

7. Пуштете природно светло во собата

Штом ќе се разбудите, веднаш тргнете ги завесите. Ако почувствувате само малку сонце, вашиот мозок ќе се разбуди и ќе сфати дека е време за функционирање. Се будите во мрак во текот на зимските месеци?Тогаш прошетајте.

8. Истегнување

Утринската вежба е добра за здравјето. Но ако наутро не сте расположени за вежбање, обидете се само да се истегнете за крвта да ви проциркулира.

9 Наместете го креветот

Верувале или не, наместениот кревет ќе ви го разубави денот.

10 Направете нешто што не ви се допаѓа

Постојаното негодување околу тоа дека мразите нешто да направите е многу полошо отколку тоа да го направите. Затоа неомилените работи правете ги на почетокот на денот за да ги тргнете од умот и продолжете го денот во добро расположение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот