10 работи кои не сте ги знаеле за Мајкл Џексон, кралот на поп музиката

Фото: EPA/AARON LAMBERT

Кралот на попот стана најуспешниот и највлијателниот музичар на сите времиња во својот живот. Мајкл Џексон е најнаградуваниот пејач во историјата. Има соборено дури 23 Гинисови рекорди и има продадено повеќе од 850 милиони примероци од албумот „Thriller“ . За него кружеа разни приказни, но едно е сигурно, Мајкл Џексон беше уметник кој никој нема да може да го замени, неговата автентичност не се заборава. Тој и денес има милиони обожаватели, а неговите песни се слушаат насекаде низ светот.

Иако, има некои работи кои сигурно не сте ги знаеле!

1. Должел пари во библиотека
Земал книги и речиси никогаш не ги враќал со што и останал должен на библиотеката милион долари .

2. Бил злоупотребуван до детството
Во книгата „Мајкл Џексон, магија и лудило“ се истакнува дека Џексон бил злоставуван од неговиот татко. Пејачот навел дека татко му го исмејувал и го тепал со ремен. Неговата сестра потврди слична приказна во своите мемоари, но подоцна истите ги демантираше. Сексуалната злоупотреба никогаш не била докажана.

3. Одење по месечината

Тој го изведе овој танц за прв пат со песната „Били Џин“ во 1983 година . Тогаш светот остана фасциниран, никој не можеше да поверува како успеа да им пркоси на законите на физиката. Во 1932 година, џез-музичарот Каб Кели ја изведе првата верзија на овој танц.

4. Ги боел усните
Аутопсијата покажала дека тој ги обоил усните во розова боја, а веѓите ги затемнил со тетоважа.

5. Вест за смртта
Првите информации беа дека го убил неговиот лекар , кој му препишувал несоодветни лекови. Тој беше уапсен во 2011 година, а по отслужувањето на казната, детективите кои работеа на случајот открија морничави детали од собата во која почина Мајкл Џексон. Насекаде биле залепени хартии со кратки пароли, на креветот имало компјутер, кукла за девојчиња и фотографии од бебиња. Во чантата на докторот е пронајден лек за кој се претпоставува дека го убил кралот на попот.

6. Болест на кожата
Во разговор со водителката Винфри во 1993 година, тој признал дека има витилиго, болест која остава неправилни дамки и дека се шминка за да го изедначи тенот. Ова наводно било потврдено со обдукцијата.

7.  Најпродавана плоча на сите времиња
„Thriller“ е најпродаваната плоча досега, со околу 50 милиони примероци.

8. Чевли совршени за танцување
Тој измислил чевли наменети за танчери во кои може да се спуштаат многу ниско. Така тој повторно го шокираше светот, додека ја изведуваше песната „Smooth Criminal“, наведнувајќи се речиси до подот.

9. Две ѕвезди
На Булеварот на славните во Холивуд има дури две ѕвезди. Едниот како соло артист, а другиот како член на групата „Џексон 5“.

10. Мини ѕвезда
Првиот настап го имал кога имал само пет години, а првата песна „Бен“ ја напишал во 1972 година. која беше на врвот на жешката Билборд листа .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот