10 неверојатни причини зошто да пиете вода со лимон

Кој пијалак е евтин, ја прави кожата блескава, го подобрува варењето на храната, ги намалува килограмите и е богат со витамин Ц? Тоа е топлата вода со лимон.

1. НАЈДОБАР ПРИЈАТЕЛ НА СЛЕБЕЕЊЕТО

Полифенолите во лимонот можат да го намалат чувството на глад. Кога ќе испиете чаша вода, особено пред оброк, таа ви помага да го наполните желудникот и ќе изедете помалку отколку што сте планирале, велат нутриционистите. Водата со лимон е добра опција ако вообичаено пиете сок од портокал затоа што ќе внесувате многу помалку калории, а големи количини на витамин Ц.

2. СПРЕЧУВА РАЗВОЈ НА БОЛЕСТИ

Сите знаеме дека витаминот Ц е многу добар заштитник на имунитетот, затоа и водата со лимон може да ги спречи инфекциите.
Одредени киселини во желудникот служат како бариера и штитат од патогени микроорганизми, кои би можеле да предизвикаат развој на болести.

3. ГО ПОДОБРУВА ВАРЕЊЕТО

Уште една вредна улога на оваа вода е помошта при варењето на храната. Одредени флавоноиди од лимонот ѝ помагаат на киселината на желудникот да ја обработи храната и на тој начин помагаат во целосното варење. Топлата вода се чини дека има најдобар ефект на дигестивниот тракт. Една студија покажа дека 30 отсто од мажите и жените кои се борат со гастритис, всушност, имаат проблеми со недостаток на киселини во желудникот.

4. ВИСТИНСКА ДОЗА НА ВИТАМИН Ц

Цитрусното овошје е одличен извор на витамин Ц, а според податоците, ¼ шолја сок од лимон содржи околу 23,6 мг, една третина од препорачаната доза за жените, и една четвртина за мажите.
Овој моќен витамин овозможува и создавање на колаген, кој се наоѓа во коските, лигаментите, крвните садови и тетивите. Витаминот Ц дејствува како антиоксидант, што значи дека го намалува штетното влијание на слободните радикали на нашите клетки и со тоа нè штити од болести. Иако обично го спомнуваме како најважен витамин што мора да го внесуваме ако сакаме да се заштитиме од многу болести, витаминот Ц е вистинскиот одговор за стресот! Со своето силно антиоксидативно дејство го штити организмот и го стимулира природниот имунитет. Исто така, утврдено е дека луѓето чија исхрана содржи поголема количина витамин Ц се трипати позаштитени од развој на артритис во споредба со луѓето кои не го консумираат доволно овој витамин.

5. СПРЕЧУВА ДЕХИДРАТАЦИЈА

Ова не е директно влијание на лимонот, но ако пиете вода со вкус, може дури и да ја пиете повеќе. Секоја течност е добра, но бидејќи повеќето луѓе се мачат со доволното консумирање вода, за нив лимонот е идеален додаток, бидејќи ќе ја направи водата попривлечна. Иако правилото е да се испијат неколку литри вода, нутриционистите сфатија дека зависи од тоа колку килограми имате, така што два литра вода ќе бидат доволни за лице кое има 60 килограми.

6. ПОМАГА НА РАБОТАТА НА ЦРНИОТ ДРОБ

Уште една придобивка од водата со лимон е тоа што ќе му помогне на црниот дроб за подобро да го филтрира отпадот. Консумирањето течности ќе му помогне на целиот организам да работи правилно, а еден важен орган е и црниот дроб. Студиите откриле и дека водата со лимон може да го заштити црниот дроб од токсини и да го намали процентот на маснотии во него. Црниот дроб е природен механизам за исфрлање на токсините од телото, па иако не се докажани детоксикациските својства на овој пијалак, сигурно е дека црниот дроб ќе работи подобро.

7. ГО ЗГОЛЕМУВА НИВОТО НА КАЛИУМ

Калиумот обично се поврзува со бананите, но и лимонот е добар извор, а може да се најде првенствено во овошјето и зеленчукот. Калиумот ги штити крвните садови од оксидативно оштетување и sидовите на крвните садови од задебелување, основен елемент е кој влијае на работата на метаболизмот и преносот на сигналот помеѓу нервите. Помага кај контракциите на мускулите, регулацијата на течности и рамнотежата на минералите. Бидејќи калиумот е важен за регулирање на течностите, не чуди тоа што со намалување на концентрацијата на калиумот чувствувате екстремна жед, а кожата се суши. Внимавајте на честите одења во тоалет бидејќи преку урината губиме најголем дел од тој минерал.

8. ЈА ПОТТИКНУВА РАБОТАТА НА ЦРЕВАТА

Освен што им помага на цревата и црниот дроб, водата со додаток на лимон може да биде многу добар начин да ве поттикне да одите во тоалет. Зголемениот внес на течности може да го поттикне правилното работење на цревата, а ако додадеме лимон во таа вода и поради тоа ја пиете уште повеќе, неправилното варење на храната престанува да претставува проблем.

9. СПРЕЧУВА НАСТАНУВАЊЕ НА КАМЕЊА ВО БУБРЕЗИТЕ

Камењата во бубрезите често се појавуваат како резултат на дехидрираноста, па тоа е добра причина зошто да додадете лимон во водата. Камењата во бубрезите се едно од најчестите нарушувања на уринарниот систем. Тие се состојат од кристали кои обично се таложат од калциумот и мочната (урична) киселина во урината, а потоа се таложат најчесто во центарот на бубрезите. Камењата во бубрезите можат да бидат придружени со екстремно силни болки како резултат на притисокот врз уретрата (мочниот канал). Почесто се појавуваат кај мажите, а најчесто ги погодуваат луѓето на возраст од 20 до 40 години. Лицето кое еднаш ќе заболи од камења во бубрезите, има поголема веројатност повторно да ја развие болеста. Важно е да се додаде дека киселоста на лимонот може да спречи појава на камења во бубрезите.

10. ЈА ЗАБРЗУВА РАБОТАТА НА МЕТАБОЛИЗМОТ

Водата со лимон е одличен додаток на утринската рутина, бидејќи ќе го забрза метаболизмот и со тоа ќе ви помогне да останете активни и да не таложите килограми. Течноста и активноста се покажаа како добри двигатели на метаболизмот, а вашата цел е да пиете најмалку 8 дцл вода на ден за метаболизмот да профитира и да ви помогне да немате постојана потреба од храна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот