10 најпознати атентати во историјата

Џон Ф. Кенеди/Франц Фердинанд/ Александар Литвињенко/Фото: Пинтскрин/Твитер/Јутјуб

Атентат е убиство на поединец, кој обично е позната личност, политичар, религиска фигура или благородник. Во случај на атентат, обично постојат јасни мотиви – љубомора, политички или религиски идеализам, нарачано убиство или одмазда. Следува листата на десет најпознати атентати во историјата со околностите што им претходеле.

10. Александар Литвињенко

Александар Литвињенко бил руски агент на КГБ, кој станал дисидент и можен агент на британскиот MI6.

На 1 ноември 2006 година, Литвињенко се разболел по ручекот во лондонски суши ресторан.

Во текот на ручекот добивал докази за друго убиство. Два дена подоцна состојбата на Литвињенко се влошила и брзо бил префрлен во општата болница Барнет во Лондон. Починал три недели подоцна од радијација предизвикана од радиоактивен полониум – 210.

Инцидентот добил широко медиумско внимание, најверојатно поради сличноста со случаите во холивудските шпионски филмови. Се верува дека Литвињенко бил отруен со чај во својата хотелска соба.  Литвињенко умрел во 44-тата година од животот.

9. Ли Харви Освалд

Ли Харви Освалд е поранешен маринец кого владата на САД го сметала за одговорен за атентатот на претседателот Џон Ф. Кенеди. Вистина или не, Освалд бил убиен во атентат само два дена по фаталниот атентат на претседателот, и тоа во подрумот на седиштето на полицијата во Далас. Го убил Џек Руби, сопственик на ноќен клуб во Далас, кој имал врски со организираниот криминал.

Руби наводно бил вознемирен и бесен поради убиството на претседателот и сакал да се одмазди. Освалд бил убиен на 24 ноември 1963 година, во 24-тата година од животот.

8. Џон Ленон

Џон Ленон беше еден од основачите на „Битлси“, кој стекна светска слава како член на бендот, а исто така и како мировен активист. На 8 декември 1980 година, Ленон бил во Њујорк. Додека се враќал во својот хотел во вечерните часови, еден човек го извикал неговото име. Додека Ленон се вртел кон него, тој истрелал 4 куршуми во неговото тело. Ленон продолжил кон хотелот и паднал. За тоа време, атентаторот Марк Дејвид Чапман, го фрлил оружјето и седнал на тротоарот, чекајќи да биде уапсен.

7. Роберт Ф. Кенеди

Американскиот сенатор Роберт Ф. Кенеди бил помлад брат на Џон Ф. Кенеди. Во раните утрински часови на 5 јуни 1968 година, бил застрелан од Сирхан Сирхан. Наредниот ден, Кенеди починал во болница. Кенеди бил застрелан 4 пати од близина. Бил претседателски кандидат на Демократската партија.

Мотивите за атентатот на Сирхан над Кенеди се непознати, меѓутоа, се претпоставува дека бил палестински терорист кој сакал одмазда поради американската поддршка на Израел во Шестдневната војна во 1967 година.

Кенеди бил убиен на 42-годишна возраст.

6. Малком Икс

Малком Икс, познат и како Малиот Малком, бил американски пратеник на Црните муслимани или Нацијата на Исламот.

Често на него се гледало како на човекот зад „Движењето на Црната моќ“ во 60-тите и 70-тите години од минатиот век, кога Афро-американците станале слободни, и, водени од слободата, добиле почит од другите Американци.

Малком бил член на Нацијата на Исламот, но станал сунитски муслиман. Наводно тоа била причината за Нацијата на Исламот да издаде наредба за негово убиство.

На 21 февруари 1965 година, Малком почнал да држи говор пред публиката, кога бил застрелан со пушка. Други двајца мажи се доближиле до него и го застрелале вкупно 16 пати. Сите тројца атентатори биле членови на партијата. И покрај тоа што бил етикетиран како ладнокрвен радикал, по атентатот, на Малком му се восхитувал целиот свет. Тој бил убиен на 39 години.

5. Мартин Лутер Кинг

Мартин Лутер Кинг бил главниот човек зад „Движењето за граѓански права во Америка“. Движењето било обид да се отфрли расната дискриминација на Афро-американците.

На 4 април 1968 година, додека стоел на балконот од својата мотелска соба, Кинг бил смртно ранет.

По атентатот во повеќе од 60 градови ширум САД избиле немири, а пет дена подоцна, претседателот прогласил ден на жалост. Два месеца подоцна, Џејмс Ерл Реј бил уапсен во Лондон и вратен во Тенеси, за да му се суди за убиството на Кинг.

4. Абрахам Линколн

Абрахам Линколн бил 16-типретседател на САД и на таа позиција бил од 1861 година до неговата смрт во 1865. година. Џон Вилкс Бут бил шпион на Конфедерацијата, кој бил лут на претседателот поради неговата поддршка за слободата на Афро-американците. Поради тоа, Бут одлучил да го убие Линколн.

На 14 април 1865 година, Линколн отишол во театар. Со присуство на само еден телохранител, кој шетал низ театарот, па Бут ја искористил шансата. Чекал да се наполни театарот и го застрелал претседателот во глава. Бут побегнал, меѓутоа бил фатен и убиен 12 дена подоцна. Линколн имал 56 години кога бил убиен.

3. Гај Јулие Цезар

Гај Јулие Цезар бил римски политичар и војсководец во првиот век пред нашата ера. Бил успешен воин и во склад со воениот успех започнал граѓанска војна во Римската република. Потоа, бил прогласен за диктатор. Меѓутоа, некои сенатори во Рим не биле задоволни од тоа што Цезар го направил, па така го испланирале неговиот атентат.

Винченцо Камучини, Смртта на Јулиус Цезар, Глазгов / Извор: artuk.org
Винченцо Камучини, Смртта на Јулиус Цезар, Глазгов / Извор: artuk.org

Додека шетал покрај Помпејовиот театар, Цезар бил сопрен од група сенатори, за да прочита лажен предлог закон со кој се враќа моќта на Сенатот. Цезар бил избоден додека читал. Според историските докази, присутни биле повеќе од 60 сенатори.

Откако бил избоден, Цезар се обидел да побегне, меѓутоа, паднал на земја, каде продолжиле да го бодат. Имал 23 убодни рани. Неговата смрт го означила крајот на Римската република.

2. Франц Фердинанд

Атентатот на надвојводата на Австрија, Франц Фердинанд, воедно и престолонаследник на австрискиот трон, се смета за причина за почетокот на Првата светска војна. На 28 јуни 1914 година, бил во посета на Сараево, кое тогаш било територија на Австрија.

Франц Фердинанд, Фото: Public Domain

Додека се возел во својата кочија, заедно со својата сопруга бил убиен од припадник на Млада Босна, организација која се борела против австро-унгарската окупација на Босна и Херцеговина и за соединување со Србија и другите јужнословенски земји.

Првата светска војна започнала еден месец по атентатот, кога Австро-Унгарија објавила војна на Србија. Таа објава имала домино ефект ширум Европа, кога сојузниците на Србија објавиле војна со Австро-Унгарија и нејзините сојузници. Во времето на атентатот, Фердинанд имал 50 години.

1. Џон Ф. Кенеди

Џон Фицџералд Кенеди бил 35. претседател на САД. На таа позиција се наоѓал од 20 јануари 1961 година до неговата смрт на 22 ноември 1963 година. Времето кога тој бил претседател се сметало за највозбудливо во 20. век.

Фото: Профимедиа

Вселенска трка, Движење за граѓански права, Кубанска криза, Берлинскиот ѕид и почетокот на војната во Виетнам, се случиле во тоа време. И покрај големиот број на сведоци на неговиот атентат, постојат многу мистерии околу неговата смрт, што многумина наведува да веруваат во заговор.

Џон Ф. Кенеди / EPA PHOTO/JFK LIBRARY/Cecil Stoughton

 

Нешто пред 12:30 часот, Кенеди патувал низ Далас во лимузина без кров. Бил застрелан со три куршуми. Кенеди им подлегнал на повредите во болница. Ли Харви Освалд бил осомничен за ова убиство. Освалд сѐ до својата смрт тврдел дека е невин, а меѓу оние кои се осомничени за атентатот се Куба, СССР и ЦИА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот