10 модни лекции што мора да ги знаете пред да наполните 30 години

Профимедиа

Се ближите кон 30-та година од животот? Тогаш, овие модни лекции до сега мора да сте ги „усвоиле“ инаку, не би можеле да кажете дека сте модно зрели.

Без разлика на креативноста и чувството за стил, постојат основни правила за облекување и избор на гардероба, но и за одговорност и грижа кон облеката.

1. Организација на плакарот

Ред во гардероберот. Несредената гардероба „рафрлана“ на полиците зафаќа двојно повеќе место, а и тешко дека ќе го најдете особено наутро, кога брзате, парчето облека кое сте наумиле да го облечете. Ако организацијата на плакарот не ја научите до 30-та година, нема никогаш ни подоцна.

2. Да ја читате етикетата на тоа што го купувате

Знаете ли воопшто што купувате или го купувате „од око“. Важна лекција е да погледнете на материјалот, а предност да дадете на производот кој содржи најмалку 90 отсто памук, а 5 до 10 проценти ликра. За џинс потребно е најмалку 2 отсто ликра.

3. Како да се облечете за работа

Облекувањето за на работа си бара задоволување на конкретни модни стандарди. Не можете да работите на шалтер во банка со црвени „канџи“ на рацете или, на пример, во министерство шетајќи се низ ходниците со суперкратко лелеаво фустанче. Ако оваа важна лекција не ја научите до 30-та година, цел живот ќе ви недостига стил на работното место.

4. Како за помалку пари да изгледате скапо

Доколку не сте во можност да купите облека од квалитетен бренд, најсигурен начин да изгледате скапо е да инвестирате во кројачот. За помалку пари може да сошиете одлична облека, а ништо не изгледа толку совршено како модел кој е скроен по вашите мери. Ако тоа не го научите до 30-та година, цел живот ќе ви стрчат ракавите или ќе „пукате“ во претесниот фустан.

5. Какво ѓерданче да одберете според деколтето

За да не личите накитени како новогодишна елка, многу е важно да одберете соодветен ѓердан кое одговара на формата на деколтето. Ако оваа лекција не ја знаете, подобро не носите ѓердани.

6. Како да ја отстраните непријатната миризба од гардероберот

Можеби сте задоволни од тоа како сте се дотерале, но ако облеката која ја носите ви мириса на различни парфеми, цигари па дури и на мувла, ни вие нема да изгледате „чисто“ во неа. Облеката прима миризба во плакарот, се разбира откако ќе ја донесете дома од некоја, на пример, задимена просторија. Да ја повториме лекцијата? Кесичка сода бикарбона во плакарот оставена два –три дена може да ја собере миризбата, а уште подобро ако облеката ја испрскате со бел дестилиран оцет или обична вотка.

7. Како визуелно да ги издолжите нозете

Не, не со што покуса сукњичка. Туку со правилен избор на чевли. За визуелно вашите нозе да изгледаат подолги одберете иста нијанса на чевли со вашиот тен на кожата.

8. Како да одберете вистинска шапка за вас

Можеби ви се допаѓа шапката на пријателката, но на вашата глава истата ќе изгледа смешно. Доколку сакате да носите шапка треба да знаете како да ја препознаете онаа која е соодветна за вашата форма на лице. Потсетете се од оваа слика.

9. Како да одберете очила за сонце

Очилата за сонце се можеби и најважниот моден додаток. Но ако се држите до модните трендови без да ја земете предвид формата на вашето лице, сте направиле грешка. На пример, оние кои имаат коцкаста форма на лицето треба да одберат округли рамки, а оние со округли лица треба да одберат аголни дизајни.

10. Како да комбинирате бои и дезени

Многу важна лекција која бара следење на правила на „игра“. Кога комбинирате две парчиња со различни дезени, фокусирајте се повеќе на боите отколку на дезените. Можете да помешате принт кој е во слична боја, на пример темно син со лилакова, или во комплементарни бои, на пример, сина и портокалова. Научете ги овие правила до 30-та,  зашто подоцна не е дозволено на ова да грешите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот