10 милиони долари и неколку куќи остави зад себе Мугабе

Фото: Принтскрин

Роберт Мугабе, поранешниот долгодишен претседател на Зимбабве, зад себе оставил 10 милиони долари и неколку недвижнини, може да се види од денеска објавениот список со неговото богатство, што тој го остави зад себе.

Многумина во Зимбабве, меѓутоа, сметаат дека овој имот е прескромен за Мугабе, кој со земјата владееше 37 години, и кого критичарите го обвинуваа дека има акумулирано огромно богатство и дома и во странство, пренесуваат американските медиуми.

Весникот „Хералд” не го наведува имотот на Мугабе во странство, иако се претпоставува дека имал неколку недвижнини во Јужна Африка и Азија.

Медиумите пишуваат и дека Мугабе, кој почина во септември, најверојатно не оставил тестамент и дека неговата сопруга и децата ќе го поделат наследството, во согласност со законот.

Наследството опфаќа и една фарма, 10 автомобили и 11 хектари земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот