10 лица се повредени во самоубиствен напад во Мали

Бомбаш самоубиец во автомобил денеска нападна француска извидничка мисија во централниот дел на Мали, ранувајќи шест војници и четворица цивили, соопшти француската армија.

Засега не е познато во каква состојба се повредените, објави Ројтерс.

Ниту една група сè уште не презеде одговорност за нападот.

Во областа дејствуваат исламистички групи поврзани со Ал Каеда и Исламската држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот