10 години „Прилеп џез-викенд“: Богата тридневна фестивалска и оф-фест програма

фото:приватна архива

Во организација на здружението за супкултура „ПП Џез-фестивал“ од 26-29 август, во Центарот за култура „Марко Цепенков“, ќе биде одржано десеттото јубилејно издание на музичкиот фестивал„Прилеп џез-викенд“.

Оваа година фестивалот ќе го отвори дуото„Кантон 6“, зад кое стојат Синиша Евтимов и Мирко Попов. Првата вечер од фестивалот ќе ја затворат „Летечки пекинезери“, бенд што повеќепатинастапувал во Прилеп. „Летечки пекинезери“ е состав што постои повеќе од петнаесет години на македонската џез-сцена.

Втората вечер ќе ја отворат „Такси консилиум“, а вториот дел од вечерта е резервиран за гитаристот Тони Китановски и бендот „Панда 5“ .

Третиот ден на фестивалот нуди многу интересна програма – започнувајќи со омаж на легендарниот бенд „Џеџмесинџерс“, кој започна со работа во 50-тите и беа активни до 90-тите години од минатиот век.

Џез-викендот ќе го затвори составот на врвни музичари „Сајга квартет“ со Јуре Пукл, словенечки саксофонист штоживее и работи во Њујорк, во придружба со познатиот пијано музичар Васил Хаџиманов.

Ова година во оф-фест програмата на 29 август на локалитетот Врбјанска Чука (кај село Славеј) ќе има настап групата „Љубојна“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот