10 години ја немаше, но сега се врати и нема да ја препознаете: Јованка Житарова со нова песна и спот! (ВИДЕО)

Фото: Промо

Некогаш позната како Јованка Житарова, а денес само Јова, по една деценија пауза се враќа на сцена со новата песна „Сама своја среќа“.

Зад оваа песна како автори се запишани Робет Билбилов, кој ја направи музиката и аранжманот, во чие студио е и снимена, а текстот е на Ксенија Николова.

– По 10 години пауза решив да и се варатам на мојата најголема љубов, музиката, но со сосема нешто поинакво од она што порано го правев. Со песни во модерен и актуелен стил. Со Роберт, како колеги од факултет, се најдовме на иста бранова должина, и се роди „Сама своја среќа“. Ова е само почеток од нашата соработка.  Ова не значи дека јас сум ја заборавила старата македонска убава песна, секако корените не смеат да се заборават, но решив да направам чекор напред, да пробам нешто сосема поинакво. Се надевам дека песната ќе и се допадне на публиката, особено припадничките на понежниот пол, бидејки ова е порака за нив – вели Јова.

Фото: Промо

Спот е снимен во „Зонде“ продукција на браната Козјак. Во него таа е претставена како слободна, сама и среќна жена.

– Презадоволна сум од спотот, го долови точно она што го чувствувам. Дека на човек  најважно од се е личната среќа – додава таа.

Погледнете го спотот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот