10.527 причини за надеж на фановите на Барселона дека Меси останува на „Камп Ноу“

EPA-EFE/ANDREU DALMAU

Кандидатите за претседател на Барселона денеска мораат да ги предадат потписите за и официјално да можат да излезат на изборите кои се закажни на 24. јануари, а Жоан Лапорта ги собори сите рекорди и им влеа надеж на фановите на каталонскиот тим дека Лионел Меси ќе остане на „Камп Ноу“.

И пред денешниот ден Лапорта важеше за главен кандидат да стане нов претседател на Барселона, но денеска стана јасно дека тешко ќе има и сериозна конкуренција.

Имено, секој претседателски кандидат мораше да собере 2.257 гласови од членовите на клубот за да добие дозвола да излезе на изборите, а Лапорта донесе дури 10.257 гласа и меѓу нив е и гласот од семејството Меси.

Главниот конкурент на Лапорта, Виктор Фонт приложи 4.710 гласови, што е повеќе од двојно помалку, додека пет од вкупно деветте кандидати не успеале да го соберат потребниот број на гласови.
Фановите се во еурофорија бидејќи Лапорта го има гласот на семејството Меси, што е најава дека Лео ќе остане на „Камп Ноу“ и по завршување на сезоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот