1.000 дена до стартот на Мундијалот, Катар уште сега е подготвен

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, е уверен дека органзиаторот на наредното СП 2022, Катар ќе го импресионира целиот фудбалски свет.

Денеска започнуваат да се одбојуваат последните 1.000 дена до стартот на Светското првенство во фудбал кое ќе се одржи во Катар.

– 1.000 дена пред почетокот на Мундијалот, Катар на полето на организацијата е далеку пред сите претходници. Желбата на организаторот е да го импресионира светот и е на добар пат тоа да го направи. СП 2022 година ќе претставува социјален и културен пробив. Ќе ги отвори портите за религијата и ќе претстави нова перспектива за домашните и странските навивачи – изјави Инфантино.

Шефот на организацискиот одбор на Мундијалот во Катар, Хасан Ал-Тауади е убеден дека ова СП ќе биде најдобро досега.  СП во Катар е планирано да се одржи од 21 ноември до 18 декември 2022 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот