Ѝ пречел звукот: Жена во Германија двапати ѝ го исклучила респираторот на цимерката во болница

72-годишна жена во Германија е уапсена откако наводно двапати ѝ го исклучувала респираторот на цимерката од болницата затоа што ѝ пречел звукот на машината, јавува „Гардијан“.

Жената е приведена под сомнение за обид за убиство од небрежност, по инцидентот во југозападниот град Манхајм во вторникот вечерта.

Полицијата и обвинителството велат дека осомничената ѝ го исклучила респираторот на една жена која лежела на соседниот кревет во болничката соба, а потоа, и покрај тоа што персоналот и рекол дека машината е од витално значење за пациентката, ја исклучила повторно подоцна вечерта.

Во заедничкото соопштение за печатот објавено од канцеларијата на јавниот обвинител во Манхајм и полицијата, се вели дека жената го исклучила респираторот пред 20 часот откако „се почувствувала вознемирена од бучавата“ што доаѓала од апаратот за кислород.

„Иако осомничената била информирана од болничкиот персонал дека снабдувањето со кислород е витална мерка за пациентката, таа повторно го исклучила уредот околу 21 часот“, се вели во соопштението.

Лекарите морале да ја оживуваат 79-годишната пациентка, соопштија властите, а таа морала да биде пренесена на интензивна нега.

Осомничената била изведена пред судија во средата, а потоа одведена во притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот