Ѝ нема крај на агонијата на Преспанското Езеро – измерен е рекордно низок водостој

За првпат откако се вршат мерењата, денеска на Преспанското Езеро е измерен водостој понизок од 841 метар надморска висина (мнв) – 840,97 метри, односно тој бил на кота од над шест и пол метри (-663 цм) под референтното ниво од 847,60 мнв., објави на „Фејбук“ професорот од Битола, Дејан Трајковски.

Нивото на езерото е на 19 сантиметри пониско од ланскиот и историски минимум. Во декември се очекува падот на водостојот да продолжи и да достигне до кота -690 цм.

Втора година по ред езерото губи по околу половина метар од нивото на водата, односно околу 125 милиони кубни метри вода. Денеска, на пример, е водостојот е на цели 55 сантиметри пониско од истиот ден лани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот