Ѝ годи животот во Америка: Марија Шерифовиќ живее во стан од 300.000 долари

Instagram
Instagram

Марија Шерифовиќ веќе три години живее на релација Белград-Лос Анџелес, а во американскиот град, според српските медиуми, престојува во стан од сто квадрати. Станот во кој познатата пејачка живее од септември 2016 година, сместена е во мирниот дел на Лос Анџелес, на авенијата „Барингтон“ и чини  околу 300.000 долари, пишува Курир.рс.

Во луксузниот стан има голема соба, кујна, спална, бања и двор.

„Марија во Америка има многу пријатели. Еден од нив ѝ нашол стан на локацијата што ја сакала. Не сум сигурен дали станот е во нејзина сопственост или го изнајмува, само знам дека го реновирала и го уредила според своите желби. Не знам како изгледа сега, но сигурно подобро и поексклузивно од претходно“, навел изворот.

Тој додал дека Марија е прекрасна сосетка.

-Фина е и културна. Никого не вознемирува, го почитува куќниот ред. Овде луѓето си ја гледаат својата работа и само некој што е од Србија знае дека е таа музичка ѕвезда. Кога некој ќе ја препознае, Марија се фотографира и разговара со него“, додал изворот.

Марија во неколку наврати потенцираше дека ѝ годи животот во Америка.

„Ја пронајдов државата во која ќе остарам. Вистинската причина поради која отидов во Америка е можноста да уживам во Градот на анѓелите, во добрата клима, во океанот, во својот нов стан и во новиот автомобил“, рекла Марија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот