Јувентус не оди во САД за да не го апсат Роналдо

EPA-EFE/JAVIER LIZON

Eкипата на Јувентус нема намера летните подготвки да ги има во САД и турнирот „Меѓународен куп на шампионите“ ќе се одржи во Азија. Причината според весникот Њујорк тајмс е Кристијано Роналдо, односно процесот кој се води против него во Лас Вегас поради обновената истрага за наводното силување на Кристин Мајорга.

Процесот е сеуште во фаза на собирање докази, но Јувентус сака да избегне полицијата евентуално да го приведе Роналдо и поради тоа традиционалните летни подготовки ќе ги има во Азија.
Со овој потег се избегнува ризикот Роналдо повторно да биде во центарот на вниманието на иако Португалецот се согласи да сведочи на евентуалниот судски процес.

Челниците на Јувентус негираат дека токму Кристијано Роналдо е причината за преместувањето на подготвките, тие сакаат по една сезона во САД да дојдат и во Азија каде имаат голем број на навивачите, но јавноста многу не верува во образложението на „старата дама“.  Италијанскиот тим кој е пред освојување на нова титула, своите натпревари од „Меѓународниот куп на шампионите“ би требало да ги игра во Кина и во Сингапур.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот