Јувентус и Барселона главни фаворити за триумф во ЛШ

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Португалскиот стратег Жозе Мурињо смета победникот во Лигата на шампионите треба да се бара само помеѓу две екипи, Јувентус и Барселона и тоа поради двајцата најдобри фудбалери на денешницата.

– Сите зборуваат за Лионел Меси и Кристијано Роналдо, а за мене тоа е приказна за Јувентус и за Барселона. Знам дека повеќето се фокусираат на поединци, но бидејќи сум тренер фудбалот го третирам како колективен спорт. Колективот ги освојува титулите но многу помага кога имате играчи како Меси и Роналдо. Барселона и Јувентус се двата најголеми фаворити за титулата, имаат искуство, талент и посебни играчи  – вели Мурињо.

Барселона во четвртфиналето на ЛШ ќе игра против Манчестер јунајтед, додека Јувентус го очекува пресметка со Ајакс кој пак во претходната рунда го елиминира сеуште актуелниот шампион Реал Мадрид. Преостанатите две четвртфинални двојки ги сочинуваат Ливерпул – Порто и Тотенхем – Манчестер сити.

Португалецот не пропушти да прозборува и за неговиот следен ангажман, навестувајќи ја неговата следна дестинација.

Не можам да кријам, ми недостасуваат тренинзите и секојдневните обврски во клубот но до јуни нема да тренирам никого. Размислувам што сакам, а тоа е да освојам титула во пета држава и уште еднаш да ја освојам Лигата на шампионите – изјави Мурињо.

Новинарите овие негови зборови ги протолкуваа како  Мурињо да има само два клуба на ум со кои може да дојде до целта, францускиот и германскиот шампион, ПСЖ и Баерн Минхен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот