Ѓоковиќ запрен од Агут на мастерсот во Мајами

EPA-EFE/RHONA WISE

Светскиот рекет број еден , Новак Ѓоковиќ нема по добро да ги памети првите два мастерс турнири кои се играат во САД годинва. По раната елиминација во Индијан Велс, сега Ѓоковиќ е елиминиран во осминафиналето во Мајами. Подобар од српскиот тенисер беше Роберто Баутиста Агут кој славеше во три сета со 1:6, 7:5, 6:3.

Успешен настап во осминафиналето имаше бранителот на титулата Џон Изнер кој со 7:6,7:6 го победи Кајл Едмунд. Борна Чориќ три сета го елиминира Ник Кирјос, а настапите ги продолжуваат и младите Френсис Тиафо и Денис Шаповалов кои во четвртфиналето ќе играат меѓу себе. Тиафо во два сета го победи Давид Гофан со 7:5,7:6, додека Шаповалов ја доби пресметката со Циципас во три сетови, 4:6,6:3,7:6.

ај дамите, елиминирана е втората носителка Петра Квитова. Подобра од чешката тенисерка беше Ешли Барти во три сета (7:6,3:6,6:2)..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот