Шарена посна салата

Подгответе вкусна посна шарена салата.

Погледнете што ви е потребно за неа и како да ја подготвите.

Состојки:

150 грама ориз

300 грама црвен грав

300 грама конзервирана пченка

1 главица црвен кромид

6 шери домати

Маслиново масло, магдонос, сол и црн пипер

Подготовка:

Оризот сварете го, прецедете и ставете го да се излади. Исото направете го и со гравот. Во длабок сад ставете ги оризот, гравот,пченката, како и црвениот кромид претходно исецкан и шери доматите, па се добро зачинете, измешајте ја смесата и послужете.

Пријатен апетит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот