Ципрас во вторник доаѓа во Скопје

Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK
Грчкиот премиер Алексис Ципрас во вторник на втори април ќе ја посети Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.
Делегацијата што ќе ја предводи Ципрас ќе биде пречекана на аеродромот во Скопје, по што следува свечен пречек со високи државни почести на платото на Владата на Република Северна Македонија. Премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе имаат билатерална средба, а потоа и заедничка прес-конференција во Владата. Ќе биде одржана и меѓувладина седница.
Предвидено е грчкиот премиер да има средба и со претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Во попладневните часови премиерите Заев и Ципрас ќе учествуваат на бизнис форум.
Грчкиот премиер доаѓа во Скопје и со бизнис делегација што ќе сочинуваат претставници на над 70 големи и средни компании.
Делегацијата е поддржана од грчката компанија за инвестиции и надворешната трговија „Enterprise Greece”, надлежното државно тело, под надзор на Министерството за економија и развој, за привлекување инвестиции во Грција и за промоција на извозот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот