Харден немоќен против „гризлите“ (ВИДЕО)

EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Кошаркарот на Хјустон рокетс, Џејмс Харден повторно одигра фантастичен натпревар постигнувајќи 57 поени но и тоа не беше доволно да се совлада тимот на Мемфис гризлис кој славеше со 126-125 по продолжението. Најзаслужни за победата на Мемфис Мајк Конли со 35 и Јонас Валанчиунас со 33 постигнати поени.

Дербито на вечерта се одигра во Филаделфија, каде домаќинот го совлада Бостон со 118:115. Најзаслужен за триумфот е Џоел Ембид со 37 поени и 22 скокови.

Пораз доживеа и екипата со најдобар скор во НБА лигата Милвоки бакс кој настапи без својот најдобар Играч Јанис Адетокунпо е изненаден од Кливленд кавалирс со 107-102 .

Резултати:
Кливленд – Милвоки 107:102
Орландо – Њу Орлеанс 119:96
Филаделфија – Бостон 118:115
Њујорк – Јута 116:137
Чикаго – Вашингтон 126:120
Мемфис – Хјустон 126:125
Сан Антонио – Мајами 105:110
Оклахома сити – Торонто 114:123
Портланд – Далас 126:118.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот