Форум на Независниот синдикат на полицијата за 15 годишното постоење на граничната полиција

Фото: Принтскрин МИА

Синдикатот во 15 годишното постоење на граничната полиција беше тема на форумот што викендов се одржува во Отешево во организација на Независниот синдикат на полицијата.

На форумот присуствуваа претставници на сите синдикални организации на регионалните центри за гранична полиција, кои дебатираа за прашања од интерес на вработените во МВР посебно граничната полиција.

Претседателот на Независниот синдикат на полицијата Гоце Делчев Тодев оцени дека има објекти на граничната полиција кои имале проблем со струја, некои немале исправна вода за пиење, некаде се работело во лоши временски услови.

– Во повеќе од 70 отсто во објектите на граничната полиција нема исправна вода за пиење. Водата е само технички употреблива, диспанзери се донесени ама вода никој не доставува. Има гранични премини во кои дури  нема ниту тоалет, рече Делчев Тодев.

Забележа дека Министерството за внатрешни работи ги игнорира нивните предлози, односно, како што рече, се прифаќаат, а заслугите одат на друга страна.

– До кога ќе се игнорираат нашите предлози за промени во колективниот договор, Законот за работни односи во кој може да се извршат корекции кои ќе помогнат во организација на работното време на сите гранични полициски станици до кои полициските службеници патуваат по пет и повеќе часови. Ние не бараме измени на цел закон бараме дополнитен член кој согласно начелото за економичност ќе доведе до заштеди во буџетот на МВР и поквалитна работа, истакна Делчев Тодев.

Според него, прашањата на кои било разговарано на форумот, ќе ги стават на документ и ќе ги достават до ресорното Министерство и до Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот