Фитипалди: Алонсо ќе се врати по една сезона пауза

EPA-EFE/ALI HAIDER

Поранешниот возач на Формула 1, Емерсон Фитипалди, очекува Фернандо Алонсо да се врати на трките по само една година пауза. Алонсо, разочаран од слабите резултати на Мекларен, на крајот од минатата сезона одлучи да го напушти тимот и да замине во пензија.

Сепак, Шпанецот не замина во целосна пензија, туку само ја напушти Ф1 и изминатиот викенд со Тојота триумфираше на трката  „1.000 милји на Себринг” во Светскиот шампионат за издржливост. Тој исто така потврди дека ќе учествува на трката „Индијанаполис 500“ во рамките на Инди-кар шампионатот.

Токму ваквата активност на Алонсо и успесите во другите шампионати се добра препорака дека по само една сезона Шпанецот ќе се врати во Формула 1 шампионатот.

– Сите мислевме дека проблемот е моторот на Хонда, но исто беше и со Рено минатата година. Во секој случај, мислам дека тој ќе се врати назад веќе следната година. Сметам дека е добро подготвен физички, психички е одлично мотивиран да победи, па зошто да не се врати? Ако има автомобил, со кој може да победува, со сигурност ќе се врати, смета поранешниот возач на Ф1, Емерсон Фитипалди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот