Финците најсреќни, граѓаните на Северна Македонија на 84. место

НЕ КОРИСТЕТЕ
НЕ КОРИСТЕТЕ

Финска е најсреќната земја во светот, се наведува во овогодинешниот глобален извештај на ОН за среќа, спроведен во 156 држави. Граѓаните на Северна Македонија се на 84 место, додека минатата година беа на 89. место.

Во денеска објавениот извештај, кој се темели на истражувања на Галуп во секоја од државите за тоа колку среќни се чувствуваат граѓаните.  Анкетираните со оценки од 1 до 10 одговараат на прашалник за одредени фактори во нивните земји како што се квалитетот на живот, сочувството кон другите, слободата, великодушноста, искреноста и здравјето.

Финска, како и во претходните години ја задржа водечката позиција. Веднаш зад неа, според овој извештај, се Данска, Норвешка и Исланд. Меѓу првите десет се и Холандија, Швајцарија, Шведска, Нов Зеланд, Канада и Австрија.

Од земјите од регионот, најсреќни се во Словенија (44. место), потоа следуваат Косово (46), Србија (70), Црна Гора (73), Хрватска (75), Босна и Херцеговина (78), Грција (82), Бугарија (97) и Албанија (107 место).

Најнесреќни се во Јужен Судан, а пред нив, на дното на листата, се Централноафриканската Република и Авганистан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот