Тепачка на Рузвелтова: Три лица пренесени на Клиника

Фото: МИА

Три лица биле повредени со нож во групна тепачка која синоќа се случила на улицата „Франклин Рузвелт“ во Скопје, соопштуваат од МВР.

На сите тројца им е укажана лекарска помош во Клиничкиот центар во Скопје. МВР соопшти дека тие „се обезбедени за расчистување на случајот“.

Тепачката настанала помеѓу две лица од една страна и две лица од друга страна во едно од кафулињата на оваа улица.

МВР има само првични сознанија за „нарушување на јавниот ред и мир од повеќе лица“ и нема детали за мотивот за тепачката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот