Тамше: Вардар заслужува да биде на Фајнал фор

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Тренерот на Загреб, Бранко Тамше призна дека Вардар беше подобра екипа во двомечот и сосема заслужено оди во четвртфиналето. Тамше смета дека Вардар заслужува повторно да биде дел од завршниот турнир во Лигата на шампионите.

– Мислам дека Вардар е екипа, која може да дојде на Ф4, ако зборувам искрено. Што се однесува до денешниот натпревар, во првото полувреме не одигравме како што сакаме, особено не во одбраната, а Вардар тоа го искористи и направи предност од шест гола. Во вториот дел стистнавме малку во одбраната, игравме побрзо во транзиција, постигнавме и неколку лесни голови, дури и изедначивме на 30-30. Сепак, на крајот имавме три исклучувања, а екипа како Вардар знае тоа да го казни – изјави Тамше.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот