Супер-лигата стартува на 6 април

фото: basketbal.mk

По завршувањето на 22.коло од регуларниот дел од Првата лига, кошаркарските возбудувања во Македонија ќе продолжат со Суперлигата и Плејаут-лигата.

Пласман во Суперлигата веќе обезбедија Работнички, МЗТ Скопје, Блокотехна, Кожув и Гостивар, а за последното шест место се борат Фени индустри и Куманово.

Една од овие две екипи заедно со Охрид, Пелистер, Вардар и Шкупи ќе играат во Плејаут-лигата

Последнопласираниот во Плејаут-лигата ќе игра бараж натпревари (дома-гости) со второпласираниот од Втората лига мажи.

Регуларниот дел од првенството за тековната сезона (2018/2019) ќе заврши со заокружување на 22. коло предвидено да се одигра претстојниот викенд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот