Солскјер и официјално предводник на Манчестер јунајтед

Тоа што неколку недели се најавуваше, конечно доби и официјална потврда, Оле Гунар Солскјер е конечното решение за менаџерската позиција во Манчестер јунајтед.
Тој потпиша тригодишен договор со англискиот тим со кој ќе заработува седум милиони фунти по сезона.

Норвежанецот дојде на „Олд трафорд“ во декември минатата година како привремена замена за Жозе Мурињо, но со одличното водење на екипата ја убеди управата на клубот да му понудат долгогодишен договор.

– Ова е работата која отсекогаш ја сонував, да бидам менаџер на Манчестер јунајтед. Јас сум повеќе од одушевен што добив шанса да го водам овој клуб. Од првиот ден се чувствувам како дома. Чест е да се биде играч на Манчестер јунајтед, а потоа и тренер. Во последните неколку месеци доживеав неверојатни искуства и сакам да им се заблагодарам на сите тренери, играчи и останатиот персонал на тимот за вложениот труд – изјави Солскјер по потпишувањето на договор.

Солскјер кога го презема водењето на „црвените ѓаволи“ во декември минатата година, екипата се наоѓаше на шестата позиција на табелата во Премиерлигата со дури 11 бода зад четвртопласираната екипа. Но оттогаш Манчестер јунајтед на 13 одиграни натпревари во Премиер лигата загуби само на еден натпревар и сега заостанува два бода зад четвртопласираниот Арсенал.

Освен тоа, Солскјер успеа да го однесе тимот во четвртфиналето во ЛШ за прв пат по 2014 година, со спектакуларниот пресврт во дуелите со ПСЖ.
Тој во Манчестер пристигна од Молде и засега не се открива колку англисиот тим им платил на Норвежаните за откуп на договорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот