Словенците стравуваат од Елмас

EPA/GEORGI LICOVSKI

Младиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас кој блесна во победата на Македонија над Летонија (3:1) во првото коло од квалификациите за Евро 2020, добро ги исплаши Словенците.

Словенечкиот спортски портал Екипа 24 објави статија со наслов „Младиот Турчин, кој е горд Македонец е најголемата закана за Облак“ во која посочува дека селекторот Игор Ангеловски има адут кој може да биде сериозна опасност кон голот на Јан Облак, еден од најдобрите голмани на светот.

„Македонија во споредба со Словенија има нешто помалку вреден состав. Словенечкиот во просек вреди 5,8 милиони, а Македонскиот за 1,8 милиони помаку. Но, селекорот Игор Ангеловски има еден адут, кој може да го затемни словенечкиот хоризонт в недела. Името му е Елиф Елмас, има 19 години и по вредност е над македонскиот просек – 7,5 милиони евра. Дијамантот е Турчин по потекло, ама ако се сомневате во неговата лојалност и верност кон Македонија се лажете – тој е горд Македонец. И не треба да чуди. Турција и Фатих Терим сакаа да го земат, ама тој реши да игра за земјата каде е роден и каде израсна. На 17 години дебитираше за Македонија е веќе станува клучна фигура во репрезентацијата“, пишува „Екипа24“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот