Роналдо: Се гледаме за две недели

EPA-EFE/MANUEL DE ALMEIDA

Кристијано Роналдо враќањето во португалската репрезентација нема да го памети по добро, тој на дуелот со Србија доживеа повреда поради која мораше да биде заменет уште во 32. минута.
Тој при еден дуел со противничките фудбалери заработи повреда на мускулот на десната нога по што мораше да ја напушти играта.

– Добро си го познавам телото, ова е проблем со мускулот и за две седмици ќе бидам назад на теренот – изјави Роналдо.

Фудбалерот очекува да биде дел од Јувентус кога на 10 април против Ајакс во Амстердам се игра првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот