При експлозијата во фабриката во источна Кина загинаа 47 лица, а 640 се хоспитализирани

При вчерашната експлозија во хемиска фабрика во источниот дел на Кина загинаа 47 лица, а 640 лица се хоспитализирани, од кои 90 лица се во тешка здравствена состојба.

Локалните власти во Јангченг, во провинцијата Џангсу, соопштија дека сè уште не е позната причината за експлозијата во фабриката „Тјанџаји хемикал продакшен”.

– Експлозијата доведе до евакуација на околу три илјади вработени во фабриката и околу илјада локални жители, се наведува во соопштението. Во областа се затворени училиштата и градинките.

Националниот центар за сеизмологија на Кина соопшти дека во градот во кој се случи експлозијата, е регистриран земјотрес со интензитет од 2,2 степени по скалата на Рихтер.

Фабриката работи од 2007 година. Шестпати е казнувана поради загадување на воздухот и лошо управување со отпадот. Во нејзина близина има уште неколку хемиски фабрики.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот