Полицајка имала секс со шефот додека нејзината ќерка останала заклучена во автомобил и починала

29-годишната Кеси Баркер, од Мисисипи се изјаснила како виновна за смртта на својата тригодишна ќерка Чајен Хајер која починала на 30 септември 2015 година откако ја оставила врзана за детското седиште во автомобилот, во рок од четири часа.

За тоа време, Кеси имала секс со својот тогашен шеф во полицијата, каде работела како службеничка.

Како што се наведува, таа го вклучила клима-уредот, но тој не бил исправен, а поради тоа девојчето умирало во огромни маки. Според сведочењето на судот, Баркер и во 2015 година го оставила детето во автомобилот на подолг период, по што била суспендирана од работа.

Обвинителите за ваквото убиство бараат затворска казна од 20 години.

Таткото на девојчето, Рајан Хајер, изјавил дека не бил запознаен со овој случај и дека за него дознал во текот на судењето.

На кобниот ден, таа отишла кај Кларк Ладнер рано наутро и таму заспала, додека Кларк тврдел дека не знаел дека нејзината ќерка била во автомобилот и дека испил апчиња за спиење. Иако не е обвинет, и тој добил отказ од работното место од страна на полицијата во Лонг Бич.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот