Пожарникар нападнат во Струмица на место на кое бил пријавен пожар

Во несреќата со тешки повреди се здобил сопатникот од второто возило, Б.Б.(23) констатирани во Општата болница во Битола.

З.Ш.(56) од Струмица, вработен како пожарникар во струмичката Територијална противпожарна единица вчера пријавил дека бил нападнат од лицето Т.С кај местото „Просенички пат” на кое пристигнале по пријава за настанат пожар.

Како што соопшти МВР, пожарникарот инцидентот го пријавил вчера во 17:00 часот во СВР Струмица, а се случил истиот ден околу 15:10 часот.

-Според пријавеното, тој бил нападнат во моментот кога пристигнале на наведеното место по пријава во Територијалната противпожарна единица за настанат пожар, посочуваат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против Т.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот